Евакуирана централната зграда на грчкото МНР

83

Зградата на грчкото Министерство за надворешни работи, што се наоѓа во центарот на Атина денеска беше евакуирана, поради сомнителна пратка, јави дописничката на МИА од Атина.

Вработените во Министерството се наоѓаат пред објектот, додека полицијата го проверува сомнителниот пакет, дали можеби содржи експлозивен механизам.

Според грчките медиуми, вработените при проверка на поштата адресирана до Министерството забележале сомнителна пратка и веднаш ја известиле полицијата, по што е евакуирана зградата.

ФОТО: Викимедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...