Д-р Крстеска: Липосукциската исхрана го активира метаболизмот на мастите, резултирајќи со нивно намалување

Прва последица од дебелината е високиот крвен притисок. Потоа, доаѓаат серија заболувања кои се последица на високиот крвен притисок, тоа се опасностите од мозочен удар, од срцев инфаркт.

1362

-Наследниот фактор во појавата на дебелина е многу малку застапен. Може да се наследи дистрибуцијата на масните наслаги, дали тие ќе бидат повеќе во пределот околу стомакот или кај колковите. Сѐ друго кај дебелината е последица на лошата исхрана и лошите животни навики, објаснува д-р Валентина Крстеска од „International Health“ Скопје, раководител на „Липо Диет“ центарот.

Светската здравствена организација известува дека околу 2 милијарди луѓе во светот или 25 проценти од светската популација имаат вишок на телесна тежина, а тоа би значело две милијарди потенцијални пациенти за некое заболување. Кој е вашиот коментар?

-Ова се застрашувачки, алармантни податоци. Би сакала да се надоврзам дека и кај нас, сѐ поголем е бројот на луѓе со зголемена телесна тежина. Последните податоци од систематските прегледи на ученици од основните училишта покажуваат дека има сѐ поголем број на деца со зголемена телесна тежина како последица на лоши навики во исхраната. Само со правилна исхрана, со стекнување на здрави навики од најмала возраст, ќе може да се совлада проблемот кој го спомнавме.

Дебелината е широк поим, кога може да кажеме дека имаме зголемена телесна тежина?

-Сѐ она што е над 10 отсто од нормалната телесна тежина се класифицира како дебелина.

Дебелината е ризик- фактор за одредени заболувања, но и самата по себе претставува болест која е вметната во Меѓународната класификација на болести. Дебелината предизвикува серија на заболувања, а почнува од зголемениот крвен притисок. При наталожување на вишок на килограми во телото се оневозможува нормалното венско враќање на крвта кон срцето. Значи, имаме отпор кој ткивата го даваат кон венското враќање на крвта.

Прва последица од дебелината е високиот крвен притисок. Потоа, доаѓаат серија заболувања кои се последица на високиот крвен притисок, тоа се опасностите од мозочен удар, од срцев инфаркт. Понатаму, наталожувањето на мастите на ѕидовите на крвните садови, предизвикуаат појава на атеросклероза. Наталожувањето на вишок на килограми ја подига дијафрагмата нагоре, и тие луѓе имаат проблем со спиење, имаат плитко и испрекинато дишење во текот на ноќта, состојба позната како слип апнеа. Постои и директна поврзаност на дебелината со некои хормонални заболувања, појава на метаболични заболувања, проблем со проширени вени, проблем со движењето и најпосле, појава на целулит како естетски проблем.

Како настанува дебелината, дали сепак, има и наследни фактори?

– Често се вели дека има наследен фактор, но тој во појавата на дебелина е многу малку застапен. Може да се наследи дистрибуцијата на масните наслаги, на пример, дали тие ќе бидат повеќе во пределот околу стомакот или кај колковите. Сѐ друго кај дебелината е последица на лошата исхрана и лошите животни навики.

Начинот на кој се распределени масните наслаги кај жените и мажите се разликува.Кај мажите наталожувањето на масните наслаги е во форма на јаболко, односно централно наталожување каде мастите се таложат во пределот на стомакот, половината и градите, а кај жените во форма на крушка каде наталожувањето е во долните делови на телото, околу колковите, бутините, внатрешната страна на колената и нозете. Целта на третманот базиран на липосукциска ихрана е трајна загуба на вишокот килограми, односно постигнување и одржување на оптималната телесна тежина.

Што всушност претставува липосукциската исхрана?

– Неинвазивната липосукција е диетотераписки третман наменет за редукција на телесната тежина и за корекција на одредени нарушувања на метаболизмот поради унапредување и запазување на здравјето. Тоа е иновативен фармаколошки метод за слабеење, кој дејствува врз активацијата на метаболизмот на мастите, резултирајќи со нивно намалување од критично зафатените делови на телото. Метаболизмот на мастите се активира на природен начин преку синергиско делување на протеините, аминокиселините, глукомананот и на комплексите од витамини и минерали во комбинација со правилна и урамнотежена исхрана и умерена телесна активност. Синергиското делување на активните состојки се гледа во трите различни улоги во метаболизмот – ја забрзува синтезата на протеините, го поттикнува разградувањето на мастите и го забрзува ослободувањето на гликозата од црниот дроб.

Како изгледа дневната исхрана на личноста која преминува на липосукциска исхрана?

Во првата фаза од 14 дена протеините и аминокиселините се користат во комбинација со еден оброк од месо или риба со зеленчук. Протеините се раствораат во вода и се пијат на растојание од четири часа, три пати во текот на денот. Тие имаат млечен вкус, слатки се по вкус со што се дестимулираат центрите во мозокот кои ја будат желбата за слатко. Аминокиселините се во капсули и со секоја ќесичка се земаат по две капсули. Централен оброк е вечерата во термин од 18 до 20 часот. Во другата фаза која трае, исто така, 14 дена, се вклучува дополнително млеко и млечни производи, јајца, овошје, јаткасти плодови. Клучот е во тоа внесот на јагленихидрати и протеини да се ограничи, додека енергетскиот дефицит да се компензира со оптимална количина на заситени масти од животинско потекло.

Дали по диетата килограмите се враќаат?

-Целта на третманот е трајна загуба на вишокот на килограми, односно постигнување и одржување на оптималната телесна тежина. После третманот за „симнување“ на вишокот на масно ткиво, лицето продолжува со диета за одржување која трае до три месеци, а потоа доаѓа до пресврт во базалниот метаболизам, односно организмот го навикнуваме на умерена, разновидна и здрава исхрана која би требала да обезбеди килограмите да не се вратат. Во случај клиентот, со својот начин на живот и со натамошната неправилна и прекумерна исхрана, да ги врати изгубените килограми, третманот со неинвазивна липосукција може да се повтори.

Во центарот на Скопје, на улица Димитрие Чуповски број 22 (спроти поранешен Мекдоналдс“), се наоѓаат новите канцеларии на Центарот за липосукциска исхрана на „Интернешнл хелт“. За бесплатни совети посетете го Липо Диет Центарот или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033, под раководство на д-р Валентина Крстеска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...