Дури 15 компании одгледуваат канабис во земјава

Овие компании имаат добиено лиценци од Владата, а нивните инвестиции се проценети на 40 милиони евра. Во нив работат 300 лица.

1169

Вкупно 15 компании со домашен и странски капитал одлгедуваат канабис за медицински потреби во земјава. Овие компании имаат добиено лиценци од Владата, а нивните инвестиции се проценети на 40 милиони евра. Во нив работат 300 лица. Оваа информација синоќа ја сподели премиерот Зоран Заев на официјален фејсбук профил.

– Станува збор за следниве компании и производства: „Каба Хербал“ во Кочани, „Оаза алкалоиди“ во Карбинци, „Медицал 420“ во Битола, „5 летерс“ во Ресен, „Мам“ во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, „Фарма Медика Канабис“ во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, „Фармаролли“ во Скопје, „Греен лифе“ во Валандово, „Канабис про“ во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, „Хелтх медикал солутионс“ во Гевгелија, „Бул-Билдинг“ во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци – соопшти премиерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...