Долниот дом на рускиот Парламент формираше комитет денеска за да ги испита наводните случаи на надворешно мешање во врска со низата протести поради забраната на одделни кандидати да учествуваат на изборите за московската градска Дума.
Комисијата формирана од Државната дума ќе ја одржи својата прва седница на 30 август.
Пратеникот на владејачката партија „Обединета Русија“ Андреј Исаев изјави дека случаите на странско мешање вклучуваат и предупредување од амбасадата на САД да патуваат во Москва, најавувајќи го времето и местото на одржување на протестот.
Тој, исто така, ги наведе наводните повици на Дојче Веле на социјалните мрежи за учество во протестите.
Илјадници луѓе протестираа затоа што на некои опозициски и независни кандидати им беше забрането да се регистрираат за парламентарните избори на 8 септември во Москва.
Полицијата прекина два неовластени митинзи и уапси повеќе од 2.000 луѓе.
Фото: EPA/EFE/MAXIM SHIPENKOV