Дуке Бојаџиев вторпат стана татко: Се роди Леон ФОТО

Брачната двојка го има шестгодишниот син Теодор, кој, исто така, позираше до своето новородено братче.

773

Дуке Бојаџиев, еден од најистакнатите македонски композитори на интернационалната сцена, по вторпат стана татко. Музичарот и неговата сопруга Флора добија втор син.

Музичарот објави дека синоќа се родил неговиот втор син Леон.

„Леон пристигна синоќа“, напиша Бојаџиев на неговиот Фејсбук-профил.

Брачната двојка го има шестгодишниот син Теодор, кој, исто така, позираше до своето новородено братче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...