Македонија е на 17 место на листата на Дуинг бизнис на Светска банка за оваа година што е за седум места подолу од лани. Ваквиот рејтинг на земјава, објаснуваат од Светска банка е поради промената на методологијата за пресметка..
Северна Макердонија во извештајот е спомената како една од најдобрите 20 држави во светот за водење бизнис.
Оваа листа мери неколку критериуми кои говорат за леснотијата на земјата за водење бизнис, како што се отворањето фирма, затворањето, даночната регулатива, брзината на добивање струја, други дозволи, како и пристапот до кредитни средства за компаниите.
За Северна Македонија во извештајот се наведува дека ја намали должината на пробен период (до четири месеци од шест), воведоа приоритетни правила во случајот со отпуштања од работа и преименување, и зголемен исплати за отпремнина.
„Европа и Централна Азија се дом на две од најдобрите 20 -ет места во светот за водење бизнис: Грузија (7) и Северна Македонија (17-та).
Еве како изгледа листата на 20- ет најдобрите земји за бизнис.