Дубаи донесе одлука да го олесни законот за продажба на алкохол на туристите во продавниците под државна контрола.
Одлуката е донесена затоа што првпат по десет години Обединетите Арапски Емирати бележи значителен пад на продажбата на алкохол, како и послаби економски показатели.
– Обединетите Арапски Емирати се соочуваат со тешки предизвици, бидејќи промените во однесувањето на купувачите, како и демографијата почнуваат да даваат ефекти – наведува фирмата за истражување на пазарот „Еуромонитор Интернешнел“ во најновиот извештај.
Според Светската здравствена организација, Обединетите Арапски Емирати доминираат во однос на други земји каде што е забранет алкохолот кога станува збор за конзумирање пијалок.