Дуа Липа во интервју за ДПА изјавила дека во ниту еден случај не би успеала да стане пеачка ако како тинејџерка не го напуштила Кососво. Таа додала дека многу и пречи тоа што многу млади од Кососво ќе немаат таква можност.
Дуа е родена 1995 година во Лондон. Родителите и се кососвски Албанци. На кратко родителите се вратиле во Косово, за потоа да решат да го продолжат животот во Лондон.
– Некој во едно интервју ми кажа: Изгледа дека имаш имигрантска родителска етика. А мене ми се чинеше дека тоа е многу невообичаен коментар – се потсетува Липа.
Таа додава дека сватила што новинарот мислел.
– Гледајќи ги родителите како паралелно работат неколку работи, дење и ноќе, сватив дека ништо не можеш да постигнеш на едноставен начин и дека за сѐ што сакате да постигнете мора многу напорно да работите – вели таа.
Фото: EPA/VALENTIN FLAURAUD