Дуа Липа и Рита Ора не се трпат

180

Поп-ѕвездите Дуа Липа и Рита Ора не се во добри односи, што се виде и од тоа како тие двете се избегнуваат една со друга на Мет гала вечерта што се случи завчера во Њујорк.

– Тоа е штета, знаејќи колку тие две беа блиски и како Дуа постојано говореше како ѝ се восхитува на Рита, изјави неименуван соработник на поп-пејачките за списанието „Сан“.

Тие инаку, беа најзабележителните ѕвезди на свечноста.

Причините за конфликтот не се соопштуваат, но гласините говорат дека тој настанал поради тоа што Липа сега е нешто поуспешна од својата пет години постара колешка и сонародничка.

До пред две години, тие важеа за многу блиски пријателки, бидејќи откако се преселиле од Косово во Лондон, оделе во исто училиште, а и нивните семејства биле блиски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...