Битните криминалци во државава се на слобода и тоа не еден двајца, туку сите. Победничкото мото на минатите избори беше “Правда за сите”, а движечка парола на протестите беше “Нема правда, нема мир”. Со еден збор ја добивте довербата за да донесете правда, но целосно потфрливте.
Сега мантрате за интеграции, а намерно заборавате дека без правна држава нема интеграции. Другари, потфрливте. Таа е реалноста.
Потфрливте и во реформите во здравството, во образованието, во справувањето и отстранувањето на чудовиштето Скопје 2014. Потфрливте во сè. Ваква епска пасивност и неснаоѓање е поразително за вас и тажно за нас.
Нè оставивте без опции. Едните ги отпишавме, а вас вакви недугави не можеме да ве запишеме. Едноставно, премалку испорачавте. Требаше и мораше повеќе.
Луѓето за момент подзастанаа и се понадеваа дека можеби ќе биде подобро и поинаку. Не дека не се трудевте, ама ефектот е мал.
Премалку е ова другари за да барате доверба. Со фразата ЌЕ ништо не може да направите. Требаше многу повеќе да ги засукате ракавите. Ова вашево беше баш лет во место.
(ФБ статус на авторот)