Државниот долг е намален за 0,4 отсто во 2019 година

Министерството за финансии информира и дека бројот на аукции на државните хартии од вредност е исто така преполовен. Каматните стапки се неколкукратно намалени и со пониска камата се рефинансираат старите издадени државни хартии од вредност кои доспеваат.

143

Државниот долг во 2019 година е намален за 0,4 процентни поени во однос на 2018 година и изнесува 40,2 отсто од БДП, покажуваат податоци на Министерството за финансии објавени денеска.

Според Министерството, јавниот долг е стабилизиран, умерен и изнесува 48,9 отсто од БДП.

Јавниот долг во 2019 година заврши под проекцијата на ревидираната Фискална стратегија 2020 од 49,3 проценти.

Од Министерството велат дека стабилизацијата се должи на водењето прудентна политика за јавен долг која ги таргетира компонентите кои го креираат долгот: буџетскиот дефицит, преку негова консолидација и сервисирањето на старите долгови.

Министерството за финансии информира и дека бројот на аукции на државните хартии од вредност е исто така преполовен. Каматните стапки се неколкукратно намалени и со пониска камата се рефинансираат старите издадени државни хартии од вредност кои доспеваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...