На 1. декември, на сцената на Македонската Опера и Балет, Државниот балет на мраз од Санкт Петербург доаѓа повторно, овојпат со изведба на претставата „Заспаната Убавица“ од Петар И. Чајковски. Станува збор за балетски спектакл на мраз што Државниот балет од Санкт Петербург го изедува на речиси сите светски балетски и оперски сцени.
Државниот балет на мраз за прв пат гостуваше пред две години со изведба на познатото балетско ремек-дело „Лебедово Езеро” и побуди голем интерес кај македонската публика. Токму поради тоа наместо планираните две претстави во МОБ, се одржаа четири, кои беа наградени со громогласни аплаузи и овации. Минатата година со истиот интензитет на интерес кај македонската публика, беше изведена „Оревокршачка” на мраз.
Билетите за овој балетски спектакл на мраз – „Заспаната Убавица” на мраз, ќе бидат пуштени во продажба од вторник (25.09.2018 год.) и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, Билетарата на МОБ, “Пола Југотон” и Цвеќара „Розе” – Веро 2.