Државна видеолотарија организира крводарителна акција засилена со јавни личности

Претседателот на ККФ Перо Антиќ, автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе, кошаркарката на ЖКК Вардар, Јована Петрушевска, кошаркарот на КК Работнички Виктор Ефремовски и позната Зорица Црношија, го збогатија списокот крводарители на Државна видеолотарија.

178

Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, тимот на Државна видеолотарија денес во хумана мисија. Во просториите на Даре Џамбаз, реализиравме крводарителна акција која ја поддржаа неколку јавни личности.

Државна видеолотарија во соработка со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија – Скопје, денес, петок 06.12.2019 во просториите на Даре Џамбаз, реализираше крводарителната акција. Во оваа акција вработените заедно со неколку јавни личности, даруваа крв.

Претседателот на ККФ Перо Антиќ, автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе, кошаркарката на ЖКК Вардар, Јована Петрушевска, кошаркарот на КК Работнички Виктор Ефремовски и позната Зорица Црношија, го збогатија списокот крводарители на Државна видеолотарија.

Акцијата која започна во 9 часот, веќе е убава хумана традиција, која ја практикуваме еднаш во годината како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности.

На овој начин Државна видеолотарија ја негува и поттикнува солидарноста и одговорноста на нашите вработени, во насока на давање корпоративен придонес во градењето и негувањето на подобро општество за сите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...