Државата се опарила, за осум месеци за 7 отсто зголемена наплатата на даноци и придонеси

Од Министерството за финансии велат дека тоа се должи во голема мерка на растот на данокот на добивка, чија наплата е подобра за 25 отсто во однос на лани или за околу 35 милиони евра.

169

Наплатата на даноци и придонеси заклучно август е повисока за 120 милиони евра во однос на минатата година што е за 7 отсто повисока од истиот период лани.

Од Министерството за финансии велат дека тоа се должи во голема мерка на растот на данокот на добивка, чија наплата е подобра за 25 отсто во однос на лани или за околу 35 милиони евра.

– Тоа укажува на зголемена активност на фирмите. Исто така има раст на придонесите на 7 отсто укажува дека трендот на раст на плати и нови работни места продолжува и после второто тримесечје. Имено, високата наплата на придонеси во првото полугодие од годинава е поврзано со растот на платите за 5,6 отсто и растот на бројот на работни места за околу 10.000 нови- вели министерот за финансии Драган Тевдовски.

Според Министерството за финансии, сервисирањето на обврските од државата се одвива непречено.

„Повратот на ДДВ кон фирмите е навремен и неселективен. Од почетокот на годината до крајот на август, во стопанството се вратени 250 милиони евра поврат на ДДВ. Во август е извршен најголем поврат во последните години, во износ од 44 милиони евра“, појаснуваат од Министерството.

Од финансии додаваат дека во овој период се забележува поголема инвестициска активност на компаниите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...