Обри Дрејк Грахам (32), попознат по уметничкото име Дрејк, исплатил 350.000 долари на истата жена која се обидел да ја тужи поради наводно лажните обвиненија дека ја силувал.
Како што тврди Лаквана Морис, раперот ја присилил на орален секс.
Во ноември лани хип-хоп ѕвездата Дрејк се тужеше со Лаквана Морис која е позната како Лејла Лејс (Инстаграм модел).
Дрејк поднесе тужба против Морис поради граѓанско изнудување, измама, емотивно вознемирување, злоупотреба на процесот и клевета.
Меѓутоа, признал дека имал сексуален однос со Морис додека бил во хотелот во Манчестер, во февруари 2017 година, но ги негирал сите наводи за сексуален однос без согласност.
Според наводите на тужбата, Морис резервирала лет за да се види со Дрејк набрзо откако спиеле заедно, но се налутила кога не добила одговор па го откажала летот. Дрејк тогаш престанал да комуницира со неа.
Во тужбата Морис тврди дека Дрејк ја силувал, но раперот тврди дека Морис ја променила приказната за да го обвини за сексуално злоставување, како и дека нејзините тврдења се смислена измама за да добие пари од него.
Дрејк и неговиот тим се задоволни од овој исход. Тој је цени поддршката што ја добил од обожавателите, но од нив и од медиумите бара нему и на Морис да им овозможат да ги продолжат своите животи.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин