Дрејк призна дека има дете

198

Изненадувачки, Дрејк откри дека има дете кое вешто го криел од јавноста. Познатиот рапер направи неочекувано признание во стиховите на една од неговите песни на неговиот нов албум „Скорпион“.

31-годишниот Канаѓанец потврди дека станал татко пред една година, а мајка на неговиот син е поранешната порно ѕвезда Софи Брусау.

Гласините дека Французинката Софи е бремена од поп ѕвездата се појавија уште во почетокот на минатата година. Според пишувањата во жолтиот печат, Дрејк побарал од Брусау да направи абортус нудејќи и пари, но таа го одбила.

Во песната „Без емоции“, Дрејк вели „не го криев моето дете од светот, но го скрив светот од моето дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...