Вработените во тематскиот парк Пи ду Фу во Франција издресирале врани да го чистат паркот.
Наместо само да летаат наоколу, сопствениците на паркот одлучиле интелигентните птици да ги искористат во своја корист. Враните сега собираат отпушоци и ситни парчиња ѓубре, ги фрлаат во канти, а за награда добиваат храна за птици.
– Целта ни е да покажеме дека самата природа може да не научи да се грижиме за околината – рекол директорот на паркот, Никола де Вилие.
Научници сметаат дека враните може да користат орудие како и мајмуните иако немаат палци и дека доколку им направите нешто лошо, ќе ве запаметат и тоа ќе го пренесат на другите врани кои после тоа ќе може да ве препознаат. Враните наводно знаат и да планираат.
ФОТО: Јутјуб/The Red Phoenix