Дрвјата во Расадник родија згради (ФОТО)

473

Со герила акција, граѓански активисти утрово го искажаа својот револт од планот за стотина нови згради во Расадник, Кисела Вода.

Активистите на дрвјата закачија макети од згради.

„Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно од сè е како во еден од најзагадените градови на светот и во еден негов дел, кој што веќе е густо населен и има огромна фабрика загадувач, општинарите сакаат да направат ни помалку ни повеќе туку 100 нови згради во простор кој што претставува оаза на природата во центарот на градот“, велат активистите.

Просторот наречен Расадник некогаш бил периферија на градот, а градот се развивал и растел околку него. Токму затоа, порачуваат активистите, тој останал остров на биодиверзитетот, во самиот град на просторот Расадникот денеска сè уште живеат голем број диви зајаци, еребици, лисици, фазани, желки, ежови, клукајдрвци и десетици други врсти птици, мали цицачи, влекачи и инсекти.

„Денеска дрвата во Расадник еволуираа и родија згради, утре можеби и зајаците ќе протестираат. Сè е можно во оваа чудесна Македонија која еволуира секојдневно. Прашање на еволуцијата е и кога општинарите и градежната мафијо-ндустрија ќе еволуираат и ќе сфатат дека градот не го прават само зградите, туку градот е сложен систем на објекти, простори и вредности во кој место треба да има и за дрвата и за луѓето и за зајаците и за пољанките. А којзнае можеби еволуцијата на општинарите е завршен процес и ова никогаш нема да го сфатат“, порачаа активистите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...