Драмски и Театарот за деца и младинци ќе ги донираат приходите за земјотресот

220

Драмски театар-Скопје и Театараот за деца и младинци информираа дека приходот од претставите на 30 ноември (сабота) на нивните сцени ќе биде наменет во хуманитарни цели и ќе го префрлат на жиро-сметката на Црвениот крст за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.

На репертоарот на Драмски в сабота е претставата „Несоодветно за на работа“, а Театараот за деца и младинци ќе ја изведе претставата „Петар Пан“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...