Британската кралица Елизабета Втора го слави 92. роденден, а поворката која ја сочинувале стотина војници го одбележа и еден инцидент.
Гардистот Маршал Чарлс Гутрие (79) паднал на главата додека јавал во текот на воената парада „Поздрав со боите“ во Лондон.
Полицијата веднаш му пришла да му помогне, му била укажана помош, а потоа итно бил префрлен во болница.
Се претпоставува дека Чарлс се онесвестил, пред да падне од коњот.
Да потсетиме, ова не е прв пат гардист да колабира на роденденот на кралицата Елизабета Втора.
Тоа исто така се случи и во 2016 година, кога еден гардист се сруши.
ФОТО: EPA/WILL OLIVER