Грчката полиција соопшти дека спасила 50 мигранти, кои двајца Пакистанци ги држеле како заложници во близина на Солун и изнудувале пари од нивните семејства.
Во соопштението се посочува дека 50-темина мажи биле во лоша психо-физичка состојба, бидејќи изнудувачите им давале мали количества на храна и вода.
Еден од нив бил во толку лоша состојба, па е хоспитализиран со симптоми на дехидрација и воспаление на белите дробови.
Мигрантите, 38 од Пакистан, 10 од Бангладеш и двајца од Шри Ланка, биле држени во еден напуштен објект источно од Солун.
За целиот случај полицијата била информирани од нивни роднини, од кои изнудувачите барале пари за да ги ослободат.
Двајцата Пакистанци се уапсени под обвинение за киднапирање и уцена.
Кон крајот на март грчката полиција уапси тројца државјани на Пакистан, кои беа обвинети дека во еден магацин во предрадие на Солун како заложници држале 21 илегален мигрант, од кои барале да и платат по 2.500 евра за нивно солободување.