Познатата српска уметница на перформансот Марина Абрамовиќ беше удрена со слика по глава од еден маж во дворот на музејот „Палацо Строци“ во Фиренца, а директорот на таа институција Артуро Галансино наведе дека Абрамовиќ не била повредена.
Италијанските медиуми наведуваат дека сликата, со дрвена рамка, портрет на таа уметница ја насликал напаѓачот.
Италијанскиот весник „Коријера дела сера“ пишува дека напаѓачот, чие име не е објавено, двапати се појавувал гол во јавноста во Фиренца во изминатитегодини, а еднаш лежел гол на лажни долари.
Полицијата покренала истрага за овој инцидент.
ФОТО: Јутјуб