Во издание на ,,Везилка 2011” излезе од печат обемен избор од поезијата на Раде Драинац, еден од листата на проколнатите српски поети меѓу двете светски војни. Изборот го подготви и препевот го направи македонскиот поет Ристо Лазаров.
Во кусиот поговор на книгата се наведувал дека Раде Драинац проживеал четириесетина страдалнички години, вклучувајќи ја епопејата на преминувањето на Албанија, на шеснаесетгодишна возраст, во Првата светска војна. Тој бил некое време во Париз, но во песните го прошетал цел свет со око непогрешлив набљудувач и со душа на искрен вљубеник. Налик на нашиот Рацин, цел свет братски му е.
јас пеам и го исмејувам целиот денешен век
Поезијата на Раде Драинац го дели доброто и злото на своето време, целиот е нурнат во движе њето чија што карактеристика е, меѓу другото (ќе запише Марко Ристиќ) дотерувањетона изгледот на поезијата со изгледот што на почетокот на дваесетиот век го добил надворешниот свет. Подвижници на тоа движење се Волт Витмен, Оскар Вајлд, Мајаковски, Аполинер… Убава поетска братија наспроти општата состојба на духот.