Поради одлуката на Општина Центар да ја затвори читалницата „Славко Јаневски“, романите кои конкурираат за наградата „Роман на годината“ ќе се доставуваат во Културно-информативниот центар на Град Скопје (КИЦ) до 15 јануари – крајниот рок на конкурсот, соопшти Фондацијата „Славко Јаневски“.
Романите може да се поднесуваат секој работен ден (одговорно лице: Емилија Михајлова). Останатите услови од конкурсот остануваат исти: се пријавуваат пет примероци од романот или се праќаат по пошта на адреса Фондација „Славко Јаневски“, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 19-40-6, 1000 Скопје.
Од 1999 година изборот за наградата „Роман на годината“ го организираше редакцијата на „Утрински весник“, а по неговото згаснување од лани континуитетот на наградата го зачува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Оваа година организирањето на изборот и доделувањето на наградата „Роман на годината“ одбележува 20-годишен јубилеј