По препорака на Владата поради коронавирусот, Драмски театар Скопје ќе продолжи со прекинот на репертоарот до 13 март годинава, информираат од таму.
Купените билети, како што информираат од Драмски театар Скопје, ќе може да се заменат за друга претстава или парите ќе бидат вратени.