До тело од соништата со Vacuslim 48

Доколку сакате на брз начин да го вратите вашето тело во топ форма и задоволни од вашиот изглед да уживате во летните денови поминати на плажа, сега е вистинско време да ги пробате новите третмани за слабеење и ослободување од целулитот - Vacuslim 48 и мадеротерапија.

1275

Со само еден третман со новиот револуционерен метод за слабеење Vacuslim 48 може да се загубат во обем од четири до десет сантиметри, додека пак, со методот мадеротерапија трајно ќе се ослободите од целулитот. Овие два професионални третмана за слабеење се достапни во Центарот за убавина „Анфи“ во Скопје.

Доколку сакате на брз начин да го вратите вашето тело во топ форма и задоволни од вашиот изглед да уживате во летните денови поминати на плажа, сега е вистинско време да ги пробате новите третмани за слабеење и ослободување од целулитот – Vacuslim 48 и мадеротерапија. За кој било од овие третмани да се одлучите, резултатите се фасцинантни и видливи за многу кусо време.

За половина час ослабнете до еден килограм

Vacuslim 48 е нов третман за слабеење кој може да се примени секогаш кога е потребно да го забрзате процесот на слабеење, да го забрзате метаболизмот, да ја затегнете кожата, да се ослободите од целулитот, да ги елеминирате масните наслаги, но и генерално да го подобрите изгледот на кожата.

Со методот Vacuslim 48, видливо ќе го намалите обемот на критичните места од телото, особено во пределот околу стомакот, колковите и струкот. Предностите на овој метод се и во подобрување на тонусот на кожата со видлив резултат само по неколку третмани, елиминација на вишокот течности со што доаѓа и до трајно ослободување од упорната „портокалова кора“. Со помош на вакуумот, истовремено се постигнува ефект на сауна и ефект на лимфна дренажа.

Vacuslim 48 нема никакви непосакувани реакции ниту постои ограничување во бројот на третманите.

– Третманот би требало да се практикува еднаш во 48 часа, односно секој втор ден. За првите видливи резултати препорачуваме најмалку шест третмани. Брзината на успешноста на резултатите зависи од самиот клиент, но секако резултатите се јасно видливи кај многу наши задоволни клиенти. Тоа најмногу заборува за успешноста на третманот – ни објаснуваат стручните лица од Центарот за убавина „Анфи“.

Третманот Vacuslim 48 е безболен и трае само половина час, а за тоа време може да се ослободите од половина до еден килограм телесна тежина.

Мадеротерапија за трајна победа на целулитот

Мадеротерапијата пак, е интересен метод за трајно ослободување од целулитот и масните наслаги, а се изведува со помош на оклагии во различни форми. Методот потекнува од Колумбија и, со оглед на тоа дека се употребуваат елементи од дрво, сто отсто е природен и сигурен за кожата.

Ги запрашавме стручните лица од Центарот за убавина „Анфи“ колку третмани ни се потребни за совршени резултати и какви се реакциите од клиентите?

– Совршен резултат е оној од којшто клиентот е задоволен, а тоа е индивидуално за секого. Така, имаме клиенти на кои им требаат само десет масажи, а имаме и клиенти кои се во фаза на дотерување на идеалната линија, па како додаток на диета и физичка активност прават третмани континуирано цел месец. Мадеротерапијата е многу побезболна и поефективна од рачната, антицелулитна масажа и потребна е речиси на секого – велат од Центарот за убавина „Анфи“.

Дрвените оклагии при процесот на масажа прават интензивен притисок на целулитот, масните наслаги, но и на мускулите. Со оваа необична и многу ефикасна масажа, се стимулира крвотокот, се исфрлаат токсините и вишокот вода од организмот наталожени поради нездравата исхрана. Дополнително, мадеротерапијата го намалува стресот, ги ослободува мускулите и зглобовите од болки, го поттикнува метаболизмот на согорување на мастите и ја прави кожата затегната и мазна.

Самиот третман трае од 30 до 60 минути, а може да го применувате и секој ден.

Но, дали може да ги комбинираме двата успешни метода за слабеење, Vacuslim 48 и мадеротерапијата во ист период за забрзани резултати?

– Не само што препорачуваме комбинирање на двата третмана, туку тоа е идеалната комбинација за обликување на телото. Во тек е акцијата со која со секој третман на Vacuslim 48 се добива гратис 20-минутен третман со мадеротерапија. На овој начин им даваме можност на клиентите со комбинирани методи најбрзо да дојдат до посакуваните резултати. Важно е за двата третмана да се каже дека секој дава одлични резултати, само треба трпение и упорност – нагласуваат од Центарот за убавина „Анфи“.

Закажете го вашиот термин за брзо и здраво слабеење и формирање на тело од соништата во Центарот за убавина „Анфи“ на телефонските броеви 072-443443, 071-858881 или за повеќе информации посетете ја Фејсбук страницата https://m.facebook.com/anfi.studio/

(Промотивен текст)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...