За време на расправија во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос, животот го загуби 20-годишен мигрант од Јемен откако непознато лице го прободило со нож.
Инцидентот, од грчката полиција го потврдиле за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите на АНА-МПА ова е втор случај на убиен мигрант во Мориа од почетокот на годинава, откако завчера во болницата на Островот, на повредите им подлегнало едно лице кое за Нова година било прободено со нож.