До Нова година бесплатно ќе се вози по автопатот Миладиновци-Штип

Тој најави и дека за 10 дена ќе биде објавен тендер за изградба на две патарини колку што првично биле планирани да се изградат но немало никаква документација за нив.

860

Важно е граѓаните да возат по безбеден автопат, а не дали за неговото пуштање ќе се организира свеченост, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, откако денеска без посебни свечености и најави беше пуштен во употреба авотпатот Миладиновци-Штип.

Овој автопат требаше да биде готов до мај 2017 година, а за него официјално имаше две одложувања во септември и декември лани.

– Автопатот е пуштен во моментот кога се исполнети условите за безбедно одвивање на сообраќајот – рече кусо Китанов.

Тој најави и дека за 10 дена ќе биде објавен тендер за изградба на две патарини колку што првично биле планирани да се изградат, но немало никаква документација за нив.

– Бидејќи немаше никаков проект за изградба на патарините, ние моравме да направиме проект да извршиме експропријација и да добиеме дозвола за нивна изградба. Во соработка со ЕБРД за 10 дена ќе се објави меѓународен тендер за нивна изградба, а во овој тендер ќе бидат вклучени патарините за автопатот Кичево – Охрид, како и за набавка на софтверски систем за набљудување на Коридор 8 од Миладиновци до Охрид – појасни Китанов.

Зависно од тоа како ќе тече тендерот, како што рече тој, ќе биде отпочната и завршена изградбата на патарините, но тие нема да бидат пуштени во употреба до Нова година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...