До крајот на неделава ќе се објави оглас за вградување плински уреди во возилата

Ова е една од сетот мерки насочени кон намалување на аерозагадувањето. За неа ќе важи принципот „прв дојден, прв услужен“ кој ќе се примени и за мерката за печки на пелети.

1487

Во текот на оваа недела ќе биде објавен огласот за вградување плински уреди во возилата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Јавноста дополнително ќе биде известена за условите што треба да ги исполнат сите заинтересирани граѓани.

Ова е една од сетот мерки насочени кон намалување на аерозагадувањето. За неа ќе важи принципот „прв дојден, прв услужен“ кој ќе се примени и за мерката за печки на пелети.

– За овие мерки важи принципот „прв дојден, прв услужен“ и затоа апелирам до граѓаните навремено да аплицираат до Министерството за економија – истакна Бектеши.

За најавените субвенции за набавка на возила, Бектеши рече дека се разгледуваат неколку опции и оти во работната група покрај претставници од надлежните институции, се вклучени и претставници од увзониците на нови возила. За оваа мерка нема да важи принципот „прв дојден, прв услужен“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...