До кога е безбедно да ги јадете велигденските јајца?

Веројатно и вам ви останаа доста бојосани јајца од Велигден, а никогаш не сте сигурни до кога е безбедно да се јадат.

1452

Прво што треба да знаете е дека тврдо варените јајца не мораат да стојат во фрижидер, но никако не треба да ги чувате ниту на некое место кадешто ќе бидат изложени на сонце.

Во однос на рокот на траење, најбезбедно е да ги изедете пет дена откако сте ги свариле, но се сметаат за јадливи и до седум дена.

Не се грижете ако жолчката добила зеленкаста боја – тоа не значи дека е јајцето расипано, туку е последица од хемиска реакција помеѓу белката и жолчката. Од друга страна, ако ви се чини дека има сомнителен мирис, посигурно е да не го јадете јајцето.

Ако ви останаа навистина доста јајца, а ви здодеа вообичаената „Мимоза“, неколку рецепти со варени јајца кои можеби ќе ви дадат идеја како да ги употребите, побарајте на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...