До август ќе се реконструира патот од Прилеп до Вештачкото езеро

186

До почетокот на август треба да биде готова, реконструирана и со нов асфалт делницата од 4,2 километри на патот од Прилеп до Вештачкото езеро. Станува збор за патен правец во должина од осум километри, од кои, минатата година, беа опфатени два километри за што беа издвоени 160 илјади евра, средства од Јавното претпријатие за државни патишта и 160 илјади евра од општина Прилеп. Оваа година со рехабилитација се опфатени опфатени околу 4,2 километри, а инвестицијата е 520 илјади евра од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Увид во текот на работите на патот денеска направија министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

– Овај пат, според консултациите кои ги имавме со изведувачите, ќе биде целосно саниран и реконструиран до почетокот на август. Инаку, интензивно се работи во Пелагонискиот регион. Се работи на патот од Градско до Дреново, на патот Битола – Демир Хисар, направена е обиколницата околу Битола, направен е патот од Битола до Новаци, се предвидува да бидат направени патот Кривогаштани – Крушево и се работи на проектирање на автопатот од Прилеп до Битола. Ќе се реконструира постојниот пат од Битола до Меџитлија и паралелно се работи на проект за експресен пат на оваа делница – рече Сугарески.

Според прилепскиот градоначалник Јованоски, Општината ја реализира својата годишна програма за инфраструктурата во градот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...