Германскиот телекомуникациски гигант „Дојче Телеком“ ја одбрани позицијата „највреден телекомуникациски бренд во Европа“.
Компанијата, исто така, е прогласена за втор највреден германски бренд во светот по „Мерцедес-Бенц“. По нив, следуваат Бе-Ем-Ве и „Фолксваген“. „Амазон“, пак, е прогласен за највреден бренд на глобално ниво, а зад него се „Епл“ и „Гугл“.
Според рангирањето на „Бренд Фајнанс Глобал 500“, „Дојче Телеком“ достигна највисока вредност на брендот во својата историја од 46,26 милијарди долари. Тоа е зголемување за 15,2 проценти во споредба со претходната година. Од неговото повторно воведување во 2008 година, вредноста на брендот континуирано расте и се зголеми за импресивни 420 проценти.
Во Македонија, највредниот европски бренд е присутен преку „Македонски Телеком“, што е дел од „Дојче Телеком Групацијата“ од 2001 година.
Секоја година „Бренд Фајнанс Глобал 500“ ги определува највредните брендови во светот. Според оваа британска консултантска фирма, рангирањето на „Дојче Телеком“ на лидерската позиција е одраз на стабилноста на стратегијата.
ФОТО: МИА