Дојран се наполни со туристи за Илинден

521

Десетина илјади туристи од земјава и од околните држави, претежно од Србија и Грција, денеска го наполнија Дојран.

Туристите дојдоа со месното население да го прослават заштитникот на Дојран, свети Илија, да се забавуваат на уредените плажи и да го проследат концертот на Јордан Митев кој се одржа денеска точно на пладне во рамки на културната манифестација „Дојрански ракувања“.

– По денешниот ден дојранци се надеваат на вистинска туристичка сезона, со поголем број туристи од земјава и на бериќетен август од причина што досега според посетеноста на плажите тоа не се чувствуваше, најверојатно поради непрепознатливото лето и нестабилните временски прилики – изјави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...