Доцни софтверот, пониски патарини за моторџиите дури од средината на септември

Според последната одлука на на Владата мотоциклите се издвоија како посебна категорија на возила за кои се плаќа патарина пониска од патничките возила. За оваа категорија возила цената на патарината се движи од 20 до 60 денари.

455

Мотоциклистите ќе треба да почекаат до половината на септември за да плаќаат пониска патарина иако новиот ценовник на Јавното претпријатие за државни патишта веќе стапи на сила. Од јавното претпријатие за државни патишта велат дека за неколку дена доцни вградувањето на софтверот на автопатот од Коридорот 10 и затоа се доцни со впишувањето на новите цени на патарините за мотоциклите кои веќе се нова категорија на возила и за кои се плаќа посебна патарина. На автопатите на Коридорот 8 завршена е постапката, но новите цени на патарината за моторџиите ќе стапат на сила истовремено на сите патни правци.

– Очекуваме по 10-ти или поточно во втората половина на септември да биде завршено вградувањето на софтверот на Коридорот 10. Фирмата која работи на тоа побара мало пролонгирање и се надеваме дека во овој рок ќе може да почне да функционира намалувањето на патарините за мотоциклите – велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Оттаму додаваат дека на другите патни правци каде што се наплатува царина на мотоциклисти сѐ е веќе подготвено, но се чека да се оспособат патарините и на Коридорот 10 за да почне истовремено да функционира пониската патарина за оваа категорија возачи.

Според последната одлука на Владата, мотоциклите се издвоија како посебна категорија на возила за кои се плаќа патарина пониска од патничките возила. За оваа категорија возила цената на патарината се движи од 20 до 60 денари.

Досега за овие возила се плаќаше патарина еднаква за патничките возила.

Мотоциклистите, според ценовникот за употреба на пат (патарина) во денари ќе ги плаќаат следниве износи на патарините:

Романовци Куманово – Миладиновци и обратно        40
Петровец Скопје Петровец – обратно                       20
Сопот Велес – Петровец                                           50
Отовица Велес – Петровец                                       50
Стоби Велес – Градско и обратно                             40
Миладиновци Скопје – Миладиновци и обратно        20
Тетово Тетово – Гостивар и обратно                         20
Гостивар Тетово – Гостивар и обратно                      20
Глумово Скопје – Тетово и обратно                          20
Желино Скопје – Тетово и обратно                           20
Демир Капија Градско – Демир Капија и обратно      50
Гевгелија Демир Капија – Гевгелија и обратно          60
Кадрифаково Штип – Свети Николе и обратно          30
Преод Свети Никое – Миладиновци и обратно          40
Миравци клучка Миравци – клучка Демир Капија     30
Миравци клучка Миравци – клучка Гевгелија           30
Смоквица клучка Смоквица – клучка Гевгелија        20
Смоквица клучка Смоквица – клучка Демир Капија  40

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...