Досега шест жртви во урнатите згради во Марсеј

137
ФОТО: МИА

Од под уранитините на двете згради во Марсеј извлечено е уште едно тело со што бројот на жртви се големи на шест, соопшти градскиот обвинител Ксавиер Тарабео.

Тој рече дека потрагата под урнатините продолжува, затоа што во зградите што се урнаа во понеделникот, можеби имало до осум лица.

Едната зграда била напуштена и празна, но во другата, веднаш до неа, имало луѓе кои живееле под кирија.

Тарабео истакна дека сé уште не е разјаснето која од зградите го предизвикала уривањето и која е причината.

Градските власти, кои принудно ја присвоиле напуштената зграда, пред една недела направиле прецизна проценка и не виделе траги од луѓе кои незаконски престојуваат во неа. Експерт, кој бил назначен од страна на суд, минатиот месец ја прегледал населената зграда откако станар се пожалил на пукнатина на влезот. Експертот потоа наредил итно да се поправи недостатокот.

Не е јасно дали била направена таа поправка, која вклучувала и зајакнување на приземјето.

Неколку часа пред уривањето, имало алармантни знаци дека тоа може да се случи. Една станарка ги повикала пожарникарите за да сигнализира дека пукнатината во нејзиниот стан се зголемува. Малку подоцна, жената повторно се јавила и рекла дека не и треба помош од противпожарната служба.

Друг станар истото утро му се јавил на својот работодавец и му рекол дека вратата од неговиот стан е вклештена и не може да ја отвори, а друг станар не можел да ја затвори својата врата на излегување.

Обвинителот не прецизираше дали овие станари се меѓу преживеаните или меѓу жртвите во трагедијата. Тој само рече дека досега се идентификувани три тела.

Во видео објавено на сајтот на локалниот весник „Ла Прованс“, двајца станари раскажуваат како пред неколку дена одлучиле да се иселат откако виделе дека ѕидовите почнуваат да пукаат, а вратите не можат да се отворат.

Претходно „Ла Прованс“ соопшти дека спасувачите, на кои им беше наложено да урнат трета зграда, која исто така беше пред распаѓање, поставиле ласерски детектори на други две згради во соседството, за да се сигнализира ако и тие почнат да се уриваат.

Спасувачката операција продолжува.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...