Досегашниот директор на ЦИА е избран за државен секретар на САД

103

Сенатот на САД го потврди изборот на досегашниот директор на ЦИА Мајк Помпео за нов државен секретар на земјата.

На новата функција го чекаат прашња за иранската нуклеарна програма и Северна Кореја, каде неодамна беше во посета на разговор со лидерот Ким Џонг ун.

На функцијата доаѓа како избор на претседателот на Доналд Трамп.

Веднаш по изборот, заминува на состанок на НАТО во Брисел што е уште една од чувствителните теми на надворешната политика на американскиот претседател.

Инаку, тој важи за еден од највоинствените гласови во однос на Северна Кореја меѓу најблиските соработници на Трамп.

Како и Трамп, Помпео е отворен критичар на Иран и повикува на отфрлање на договорот од 2015 година, со кој на Техеран му се ублажени санкциите во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма, а во октомври тој рече дека Иран „немилосрдно се трка за превласт во регионот“.

Пред да дојде во јануари на чело на ЦИА, Помпео беше конзервативен републикански член на Претставничкиот дом од Канзас.

Помпео (55), кој е евангелистички христијанин, е против абортусот, па дури и во случаи на силување и инцест, а би го дозволил само ако е во опасност животот на мајката.

На директорската столица во ЦИА, на местото на Помпео доаѓа Џина Хаспел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...