Дориан ги погоди Бахамите со ветер од 285 километри на час

Американскиот национален центар за урагани наведува дека тоа е најсилниот ураган што ги погодил Бахамите, како и дека на островите Абако има „катастрофалните услови“.

903

Ураганот Дориан, кој прерасна во категорија пет, што значи дека може да предизвика катастрофални нивоа на уништување, ги погоди северните делови на Бахамите.

Бахамите се погодени од големи бранови и ветрови што достигнуваат брзина од 285 километри на час, при што властите ги повикуваат граѓаните што живеат на низините во погодените области да се евакуираат.

Хотелите се затворени, а стотици луѓе веќе се сместиле во училишта, цркви и други засолништа. Во некои делови веќе нема струја и вода.

Американскиот национален центар за урагани наведува дека тоа е најсилниот ураган што ги погодил Бахамите, како и дека на островите Абако има „катастрофалните услови“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...