Донесени повеќе закони по скратена постапка

767

Со 56 гласа „за“ и 15 „против“ Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка со кој се регулираат донациите во спортот и се воведува нов начин на донирање со ваучери.

Едногласно со 62 гласа „за“ беше донесе и Законот за изменување и доплнување на Законот за преземање на акционерските друштва.

Како што исткана министерот за финасии Драган Тевдовски законските измени се носат на барање на Комисијата за хартии од вредност со цел да се зголеми тргувањето со хартии од вредност.

– Со измената се дава можност лицата да може да се стекнат со повеќе од 25 проценти од хартиите од вредност со право на глас, издадени од одредено акционерско друштво, а потоа да дадат понуда за преземање. Се врши и допрецизирање на одредбите за заедничко дејствување за да може Комисијата за хартии од вредност да ги детектира сите  форми на заедничко дејствување на меѓусебно поврзани лица. Покрај тоа, се отклонуваат бариерите кои би ги спречиле странските инвеститори да влегуваат во нашата земја – рече Тевдовски.

Собранието едногласно со по 65 гласа „за“ ги донесе и изменување и дополнување на законите за платите на судиите и за судска служба со кои се овозможува вработените да добијат додатоци на плати и се задолжуваат претседателите на судовите да издадат решенија за додатоци на плати за секој поминат месец најдоцна до 15-ти во наредниот месец.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...