Американскиот претседател, Доналд Трамп, го повтори денеска своето ветување дека ќе го натера Мексико да плати за ѕидот на јужната граница објаснувајќи дека земјата ќе добие средства од повторното преговарање за договорот НАФТА, пренесува Макфакс.
– Не сакам да предизвикам проблем, но на крајот Мексико ќе плати за ѕидот, само да ви кажам … ќе платат за ѕидот и ќе уживаат во процесот, јасно е? – рече тој.
Тој објасни дека на САД им се потребни околу 1 200 километри ѕид на јужната граница бидејќи на речиси 3 200 километри границата веќе има природни бариери.
Еден час по пораката на Трамп, тој доби одговор од мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието, кој на Твитер му порача:
„Претседателе Доналд Трамп: НЕ. Мексико НИКОГАШ нема да плати за ѕидот. Не сега, не никогаш. Искрено, Мексико (сите ние)“.