Жена која 15 години се обидувала да се разведе од својот сопруг приредила забава по повод финализирањето на разводот. Кетрин Наваро од Њу Џерзи имала само 20 години кога се омажила за својата прва љубов Марк во мај 2005 година.
Нивниот брак набрзо станал неподнослив, па Кетрин поднела документи за развод, меѓутоа Марк ја одбил и потоа исчезнал.
Таа го барала насекаде и 15 години се обидувала да се разведе, а потоа судот ѝ го одобрил разводот без негово присуство.
Кетрин на почетокот мислела дека Марк се шегува кога ѝ предложил брак, додека биле на една свадба. Меѓутоа, успеала да го собере семејството и пријателите за да ја организира свадбата во последен момент.
Нивното венчавање се одржало во градска куќа во Њујорк, а потоа славењето било организирано во Њу Џерзи во куќата на родителите на Кетрин.
За жал, после свадбата работите тргнале во погрешен правец и Кетрин сфатила дека нивниот однос е полн со тајни.
Кога нејзиниот сопруг исчезнал во 2012 година одбивајќи да ѝ даде развод, Кетрин морала да докаже дека го барала насекаде со цел судот да ѝ дозволи да се разведе во негово отсуство.
После години докажување Кетрин се развела на 18 март 2019 година и била многу среќна и организирала веселба по тој повод.
Оваа прослава означува нејзин нов почеток, кој толку многу го сакала. Пријателите на Кетрин се собрале за да го прослават овој момент.
Домаќинката послужувала колачи со интересни пораки, а целиот амбиент бил украсен со балони на кои пишувало – „среќно разведена“.