Правилната исхрана ќе ви обезбеди рамнотежа во хормоналната регулација на масното ткиво и на метаболизмот на мастите, што ќе се покаже преку загуба на масните резерви од локализирани подрачја во критичните зони.
Кога сме на липосукциска исхрана за да се ослободиме брзо и здраво од вишокот килограми, протоколот за слабеење се состои од две фази – липо третман со примена на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“ и план за исхрана и стабилизација и одржување на килограмите. Двете фази траат по 14 дена. Со доктор Валентина Крстеска, консултант и раководител на Центарот за липосукциска исхрана во Скопје, разговараме на тема што треба понатаму да јадеме, по протоколот за слабеење, за да ја задржиме оптималната телесна тежина или да продолжиме да слабееме.
Што смее да се јаде по протоколот за слабеење?
– Протоколот за неинвазивна липосукција е само почеток на Вашата доживотна мисија да се храните правилно и во организмот да внесувате нутриенти кои се потребни за одржување долготрајно здравје и виталност. Правилната исхрана ќе Ви обезбеди рамнотежа во хормоналната регулација на масното ткиво и на метаболизмот на мастите, што ќе се покаже преку загуба на масните резерви од локализирани подрачја во критичните зони. Доколку продолжите со одржување на таа рамнотежа, Вашето тело ќе се стреми кон оптимизација на масните резерви, односно ќе продолжите да слабеете или да ја одржувате телесната маса во оптимални граници. Основата на правилната исхрана е вистинската изворна храна, како што се рибата, месото, јајцата, изобилство на разни видови зеленчук и природните здрави масти. Исто така, дозволени се и полномасни млечни производи, јаткасти плодови и овошје, а се одбегнуваат производите богати со шеќер и скроб.
Кои количества може да се консумираат, кои комбинации на храна?
– Не постојат општи правила и точно одредени менија до кои ќе се придржувате цел живот, секојдневната исхрана не е универзална инстант диета. Протоколот за одржување на килограмите е начин на исхрана кој доведува до нормализација на апетитот и овозможува создавање здрав однос кон храната.
Колку јагленохидрати се дозволени да се внесат во исхраната за да продолжиме да слабееме или да ја одржуваме оптималната телесна тежина?
– Ако имате работа на којашто повеќе време минувате седејќи, салдото на вашите дневни потреби на база на 2.000 калории, со минимално внесување на јаглехидрати би можело да изгледа вака: 50 грама јаглехидрати или 200 калории, 80 грама протеини или 330 калории, а остатокот на калории доаѓа од мастите, околу 160 грама масти или 1.440 калории. При ваква исхрана нема потреба да се ограничува внесувањето на калории, туку е потребно да се направи прераспределба на внесувањето.
Кои прехранбени производи треба да се избегнуваат?
– Пред сѐ, шеќерот и сите прехранбени произоди што содржат шеќер, но и природните шеќери како мед, јаворов сируп, јачменов или оризов шеќер. Потоа, треба да се избегнуваат соковите и сите засладени пијалаци, овошен јогурт, млеко од зоб, соја, ориз и други замени за млеко. Снегулки и мусли, житарки, мешунки, тестенина и леб, како и компир. Сушеното овошје исто така треба да се избегнува, како и купечките сувомеснати производи и индустриски преработени производи кои се полни со шеќер.
Зошто млечните производи треба умерено да се консумираат?
– По протоколот на слабеење, млечните производи треба многу умерено да се внесуваат, што помалку, толку подобро. Одвреме-навреме по некоја резанка тврдо сирење, по некоја лажичка полномасно кисело млеко. Млекото, иако има малку јаглехидрати, многу го крева инсулинот. Ако морате да го додадете во кафето, додајте малку шлаг, но само од млечна маст, и тоа сосема малку зашто купечкиот шлаг содржи канцерогени материи. Подобар избор е да измешате со малку врела вода една жолчка, лажиче путер и лажиче кокосово масло и тоа ви е најдоброто млеко за кафе. Кефир пак, може слободно да зимате, по можност од домашно производство. Со купечките јогурти стрпете се додека не ослабнете, потоа ќе можете да ги консумирате. Значи со млечните производи многу претпазливо и рестриктивно, но кефирот и путерот се во ред.
Колку јајца дневно смееме да консумираме?
– Јадете барем две-три дневно, а можете и повеќе, особено жолчки. Не грижете се, од јајцата нема да ви се покачи нивото на холестеролот, ниту ќе ви се затнат крвните жили.
Колку јаткасти плодови и семки може да земаме дневно?
– Еден мал филџан за црно кафе дневно, или една сопствена шака. Дали ќе ги изедете така или смелени во шејк, или во леб, изберете сами.
За крај, ќе ни ја откриете ли тајната како да си направиме сами леб од семки од лен?
– Секако. Иако семето на ленот не е зрно, тоа содржи многу витамини и минерали слични на житарките. Освен тоа, семето на ленот содржи многу ниско количество на јаглехидрати, што е многу важно за сите оние што ги одржуваат килограмите или се на диета. Овој леб со мелено ленено семе е одличен за оние на кои им недостига лебот кога се на диета. Многу е вкусен и одлична алтернатива е за лебот. За да го приготвите дома, од состојки ви се потребни 440 грама мелени семки од лен, 3 лажички прашок за печиво, 1 лажичка сол, 3 до 6 лажички вештачки засладувач, ја препорачуваме „стевија“, 5 јајца, 120 милилитри вода и 80 милилитри кокосово или маслиново масло. Подготовката е едноставна. Загрејте ја рерната на 175 степени, изматете ги заедно сувите состојки, а потоа додадете ги јајцата, водата и маслото. Замесете тесто и оставете го да стои две-три минути. Претурете го тестото во калап за леб, претходно намачкан со малку путер. Печете дваесет минути додека лебот се вцрви. По желба, посипете со семки од сончоглед и со ким.
Советувалишта и центри за липосукција има и во Скопје, Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3231223, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстевска.
(промотивен текст)