Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека Република Српска не сака да се приклучи кон НАТО и повтори дека нејзината политика останува политиката на неутралност.
По одлуката на Претседателството на БиХ за усвојување на Планот за реформи за НАТО, Додик во интервју за Тасс кажа дека РС е под голем притисок за ова прашање, бидејќи Западот сака сите држави да бидат членки на Алијансата.
-Нивната цел е јасна. Тие тоа го обликуваат така што на државите им зборуваат дека треба да тежнеат кон прием во НАТО, а доколку не го прават тоа тогаш тоа е голем проблем. РС нема намера ја менува својата стратешка определба, а тоа е воената неутралност, рече Додик.
Според него, РС не ја гледа предноста во членството во НАТО како што тоа го прават другите држави, бидејќи минала низ бомбардирања од НАТО.
Додик додаде дека Русија останува последниот меѓународен играч на Балканот, што се придржува и го брани меѓународното право во регионот.
-Се смета дека Русија ја фаворизира Србија, меѓутоа Русија им предлага проекти и на Хрватите и на Бошњаците, а тие ги одбиваат, бидејќи на соработка со неа се одлучуваат поради западниот страв рече Додик.