Додека синот висел од балкон, татко му играл Покемон гоу

500

Семејството на француското момче што беше спасено додека висеше од балконот на четвртиот кат од човекот што го нарекоа „париски Спајдермен“ сега ги нарекува постапките на Мамуду Гасама „неверојатни“.

Гасама е „навистина херој“, рече бабата на 4-годишникот за Би-Би-Си за мигрантот од Мали, кој за само неколку секунди се искачи по фасадата на зградата во Париз и го спаси момчето.

Детето, наводно, отишло да живее со својот татко пред само неколку недели, а мајка му и брат му требало да им се приклучат од островот Реунион во јуни. Консиержот на зградата за БФМТВ рече дека таткото всушност живее на шестиот кат. Според некои нови информации, момчето паднало два ката пред да се фати за балконот на четвртиот кат.

Францускиот обвинител вели дека татко му го оставил момчето само за да оди до продавница и застанал на пат кон дома за да игра Покемон гоу, објави Си-Ен-Ен.

Таткото, кој во неделата беше ставен во полициски притвор, може да се соочи со две години затвор ако биде осуден под обвинение дека „не ги исполнил родителските обврски“, според Њујорк тајмс.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...