Информација за постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во земјава е на дневен ред на денешната седница на владата.
Покрај ова на дневен ред на денешната седница ќе биде разгледана и информацијата за Програмата на економски реформи 2020-2022 година, како и Информацијата во врска со активностите за искористување на можностите на Зелениот климатски фонд и назначување на Контакт лице за Зелениот климатски фонд.
На денешната седница ќе се разгледа и ќе биде утврден текстот на Предлог – закон за заштита на личните податоци како и ревизијата на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022.