„Ромео и Јулија“ е насловот на новата песна на дуото ДНК, која беше објавена пред еден ден, а веќе крена голема прашина во јавноста.
Музиката, текстот и продукцијата е на веќе докажаниот двоец Панчо и Лазар Цветкоски, додека аранжманот го потпишува 5R. Зад мастерингот стои Streaky од Лондон.
Во кадрите кои се снимени во клубот „Епицентар“, освен момчињата од ДНК, односно Панчо и Андреј, се појавуваат и танчарките од студиото Twerk Low Z Латин Принц, Мажестик (Александра Трпеска), моделките Александра Накова и Емилија Розман и единствениот македонски кошаркар кој заиграл за НБА Перо Антиќ.