„Отворено општество“ на Џорџ Сорос, според медиумски извештаи, ја затвора својата канцеларија во Будимпешта и наместо тоа ќе отвори филијала во Берлин. Преселбата е планирана за налето, пишува австрискиот весник „Ди пресе“ на својата интернет страница. Според информации на унгарскиот портал „444.ху“, затворањето на канцеларијата во Будимпешта е планирано до 31 август годинава.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвинува Сорос дека организирал масовно доселување на муслимански доселеници од Африка и Блискиот Исток во Европа. Институциите кои се финансирани од американскиот милијардер, меѓу нив и реномираниот Централноевропски Универзитет во Будимпешта, според тврдењата на Орбан, биле само средство за постигнување на таа цел. Докази за таквото трвдење Орбан не дава.
Унгарскиот премиер Орбан во текот на минатото лето нареди поставување плакати ширум земјата со предупредувања од 87-годишниот Сорос. Унгарската влада сака да буде усвоен и законски пакет под името „Стоп – Сорос”, насочен против работата на невладините организации во земјата. Потегот во меѓународни рамки беше критикуван пред сѐ поради тоа што има мирис на антисемитизам, затоа што Орбан го претставува Сорос, кој има еврејски корени, како „светска елита“ и шпекулант „без татковина“.
ФОТО: wgas.eu