Ди Мајо и Салвини со поддршка за „жолтите елеци“

198
Photo: EPA / IAN LANGSDON

Потпретседателите на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини денеска дадоа поддршка на француското движење „Жолти елеци“.

Лидерот на италијанското Движење пет ѕвезди, Ди Мајо напиша на блог дека неговото движење е подготвено да им ја пружи потребната поддршка.

– Како и вие, и ние силно ги осудуваме оние кои предизвикаа насилство на протестите, но знаеме дека вашето движење е мирољубиво – наведе Ди Мајо.

И неговиот коалициски партнер и лидер на Северна лига, Матео Салвини, актуелен италијански министер за внатрешни работи, дава поддршка за „жолтите елеци“, меѓутоа тој додаде дека „апсолутно ја осудува секоја епизода на насилство“.

– Ги поддржувам пристојните граѓани кои протестираат поради претседателот кој владее против својот народ, но апсолутно и одлучно ја осудувам секоја епизода на насилство, кое никому не му е потребно – рече Салвини.

Photo: EPA / IAN LANGSDON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...