Фондацијата „Леонардо Ди Каприо“, која е во сопственост на актерот, донираше 100 милиони долари за помош за борбата против климатските промени.
Актерот ја стартуваше фондацијата во 1998 година со цел да ја промовира свесноста за околината и во текот на годината организира неколку настани со цел да се соберат пари. Во последните две декади Ди Каприо поддржа повеќе од 200 проекти кои имаат различни цели како помагање на заштитувањето на дивиот свет од изумирање, обнова на балансот кој го нарушува екосистемот, зачувување на океаните, климатските промени и слично.
На неговите настани често учествуваат и познатите. На последната гала вечер каде што ја прославуваше 20-годишнината од работа во добротворни цели, на галата присуствуваа Арнлод Шварценегер, Мадона и Елен Де Џенерс.