Дијана знаела за Камила и принцот Чарлс и пред венчавката

646

Принцезата Дијана неколку дена пред венчавката со принцот Чарлс во 1981 година,  дознала дека тој е во тајна врска со Камила, но и покрај тоа, застанала пред олтарот.

Вечерта пред венчавката, идните сопружници ја минале одвоени, а тој ѝ испратил емотивна порака. Содржината на пораката ја открива кралскиот биограф Пени Џуниор.

– Многу сум горд на тебе и кога ќе дојдеш утре пред олтарот, ќе бидам таму за тебе. Само погледни ги в очи и убиj ги со поглед – вели принцот Чарлс во пораката.

За жал, нивниот брак не траеше долго, а љубовта на принцот со Камила трае и денес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...