Дијамантот „Розово наследство” продаден за 50 милиони евра

119

Раскошниот 19-каратен розов дијамант наречен „Розово наследство” синоќа беше продаден за над 50 милиони евра на аукција на Кристи’с во Женева. Ова е нов светски рекорд на цена од карат за розов скапоценен камен.

Дијамантот е откриен пред околу еден век во Јужна Африка и се смета дека има најчист хемиски состав – сметаат стручните лица. Има правоаголен облик и првично им припаѓал на семејството Опенхајмер, сопственик на рударската компанија Де Берс.

Тој вчера е купен од американската фирма за накит „Хари Винстон” која е во сопственост на швајцарската компанија за часовници „Своч”, а наддавањето траело 10 минути со учество на четворица кандидати за купување.

Скапоцениот камен чија цена на наддавањето се движеше меѓу 30 и 50 милиони долари, веднаш беше преименуван од новио купувач. Новото име гласи: „Розово наследство Винстон”.

– Два милиони и шестотини илјади долари за карат е светски рекорд за розов  дијамант. За мене, тој камен е „Леонардо да Винчи“ меѓу дијамантите – изјави претставникот на Кристи’с за Европа, Франсоа Куриел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...